Aida Cako
06 Ноември 2025•Ажурирај: 08 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Воздушните снимки од американската сојузна држава Вирџинија прикажуваат спектакуларна игра на бои, додека есента ги обојува шумите и бреговите на езерата во живописни нијанси на жолто, портокалово и црвено, јавува Анадолу.
Шарените листови создаваат пејзажи како од разгледница низ целата држава, претворајќи ги ридовите и крајбрежјата во вистинска природна галерија.
Дрвјата покриени со богати есенски тонови нудат впечатлива глетка што ја одбележува промената на сезоната и привлекува многубројни љубители на природата и фотографијата.