Kasım İleri
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) ја осуди одлуката на Русија за суспендирање на Собранието на кримските Татари и неговото етикетирање како тeрористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Руските власти немаат ниту основа ни јурисдикција за наметнување на руски закони врз Татарите во Украина”, изјави портоаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби.
Во понеделникот, руското министерство за правда издаде забрана за независниот Меџлис (Собрание) на кримските Татари за користење на државните медиуми, за држење јавни собири, учество на избори и користење на банкарски сметки.
Министертството, исто така, ја означи како „екстремистичка организација”.
Во соопштението пуштено доцна синоќа Кирби додаде дека „Меџлисот долго време претставува репрезентативно тело на традиционално недоволно застапеното и историски угнетувано население на кримските Татари.”
„Овој потег е последен во серијата потези на злоупотреба преземени од страна на властите против оние во Крим кој ѝ се спротивставуваат на окупацијата”, истакна Кирби.
Тој ја повика Москва да ја оконча окупацијата на Крим.