Zeynep Katre Oran
08 Април 2025•Ажурирај: 13 Април 2025
ЊУЈОРК (АА) - Демонстранти се собраа во Њујорк, САД, и упатија апел за прекин на израелските напади врз Газа, известува Анадолу.
Стотици луѓе се собраа на улиците на Њујорк во знак на поддршка на Палестина како дел од протестот што се одржа во време кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше во Белата куќа на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Носејќи палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Ни здодеа од геноцидот“, толпата повика на прекин на американската воена и финансиска поддршка за Израел.
Извикувајќи го слоганот „Слободна Палестина“, толпата апелираше на прекин на израелските напади врз Газа.
Освен тоа, демонстрантите го затворија и „Гранд Централ терминал“ на Менхетен.