Dildar Baykan Atalay
20 Септември 2022•Ажурирај: 21 Септември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во Њујорк, САД, се состана со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, со кого разговараше за повеќе билатерални и регионални прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу и Блинкен во хотелот „Лоте Палас“, пред состанокот, дадоа кратки изјави за медиумите.
Турскиот министер изјави дека му е мило што има можност да ја одржи средбата и додаде дека ќе се разговара за билатералните односи, руско-украинската војна, Ерменија и Азербејџан, сириското прашање и многу други билатерални и регионални теми.

Блинкен рече дека Туркије е НАТО-сојузничка на САД и дека работат заедно на надминување на одредени тешкотии и дека денес ќе се разговара особено за руско-украинската војна.
Тој се осврна на значењето на договорот за воспоставување коридор за извоз на жито потпишан во Истанбул и се заблагодари за постигнувањето и спроведувањето на договорот.
Средбата зад затворени врати траеше околу половина час.