Hakan Çopur
10 Јануари 2025•Ажурирај: 12 Јануари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, најави нови санкции кон Венецуела на брифингот со новинарите одржан преку телеконференција, известува Анадолу.
Кирби рече дека американската администрација ја зголемила наградата од 15 милиони долари за информации што ќе доведат до приведување или апсење на венецуелскиот претседател Мадуро во 2020 година на 25 милиони долари.
Кирби, кој тврди дека Мадуро уште еднаш ги „прекршил демократските норми“ на последните избори, рече дека како администрација на САД, ќе го дадат потребниот одговор на ова.
Информирајќи дека е понудена награда од 15 милиони долари и за информацијата која ќе доведе до приведување на венецуелскиот министер за одбрана Владимир Педрино, Кирби рече дека на списокот на санкции додале уште седум лица од блискиот круг на Мадуро.
Николас Мадуро, кој победи на претседателските избори во Венецуела на 28 јули 2024 година со освоени 52 % од гласовите, денеска положи заклетва за својот 3. мандат.
Кандидатот на опозициската коалиција Едмундо Гонзалес и лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо ги отфрлија изборните резултати од 28 јули.
Гонзалес и неговата сопруга полетаа од Каракас за Мадрид со авион на шпанското воено воздухопловство на 8 септември, откако по него беше распишана потерница.
Гонзалес неодамна беше пречекан во Белата куќа од американскиот претседател Џо Бајден како „новоизбраниот претседател на Венецуела“.