Michael Gabriel Hernandez
27 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Содинетите Американски Држави (САД) ја обвинија Русија дека извела „несигурно и непрофесионално“ пресретнување на морнарички авион над Медитеранското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Поморскиот патролно-извидувачки авион „P-8A“ леташе во Источниот Медитеран над меѓународни води кога го пресретнаа два руски борбени авиона Su-35“, се наведува во соопштението на Шестата флота на американската морнарница.
„За пресретнувањето е утврдено дека било несигурно и непрофесионално поради руските пилоти, кои со леталата истовремено се доближиле до секое крило на „P-8A“, ограничувајќи ја способноста на „P-8A“ сигурно да маневрира“, се вели во соопштението.
Американската морнарица ја нарече акцијата на руските пилоти „непотребна“ и ги обвини дека се „недоследни на доброто воздухопловство и на меѓународните правила на летање“ и дека на тој начин ја загрозиле нивната безбедност.
„Активностите како овие го зголемуваат потенцијалот за судири во воздух“, истакнаа од морнарицата.
„Вчерашниот инцидент е трет таков во последните два месеца“, наведуваат од морнарицата. Во април на истото подрачје се забележани уште две пресретнувања.