Ömer Olcay
27 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
АНКАРА
Земјотрес со интензитет од 4,9 степени е почувствуван во Средоземното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција објави дека во Средозменото Море е почувствуван земјотрес со интензитет од 4,9 степени во 3:09 часот по средноевропско време.
Земјотресот бил на длабочина од 6,05 километри, на оддалеченост од 290 до 295 километри од местото Датча во турската област Мугла.
Од друга страна, во истото подрачје во 2:40 часот по средноевропско време имало уште еден земјотрес со интензитет од 4 степени.