Dildar Baykan Atalay
07 Јули 2022•Ажурирај: 08 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден го информира Конгресот дека Авганистан ќе биде исклучен од статусот на „важен сојузник кој не е членка на НАТО“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден одлуката ја објави во писмо испратено до Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом на САД.
„Ве информирам за мојата намера да го исклучам Авганистан од статусот на важен сојузник кој не е членка на НАТО, согласно член 517 од Законот за странска помош од 1961 година“, нагласи Бајден во своето писмо.
Авганистан како „значаен сојузник надвор од НАТО“ беше признат од 44. претседател на САД, Барак Обама, во 2012 година.
Има 20 земји кои САД досега ги признаа како „важни сојузници кои не се членки на НАТО“.
Со закон донесен во 1987 година за првпат во земјата, тогашниот американски претседател Роналд Реган во оваа категорија ги вклучи Австралија, Египет, Израел, Јапонија и Јужна Кореја.
Од регионот на Персискиот Залив, вклучени беа Бахреин и Кувајт од поранешниот американски претседател Џорџ Буш.
Како последно, американскиот претседател Бајден во оваа категорија ги вклучи Катар и Колумбија.