Sümeyye Dilara Dinçer
06 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Во Јапонија во јуни 15.657 лица посетиле болница поради високите температури на воздухот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Агенцијата за справување со пожари и непогоди, поради екстремните температури забележани минатиот месец животот го загубиле 17 лица.
Агенцијата, исто така, наведува дека во наведениот период 15.657 лица посетиле болница со поплака на сончев удар.
Во соопштението, во кое се нагласува дека минатата недела температурата достигнала 36,4 степени во главниот град Токио, се додава дека во последните недели од месецот регистрирани се највисоките температури во последните 147 години.
Во 2011 година поради екстремните горештини во земјата хоспитализирани беа 6.980 лица, а починале 14 лица.