Mahmut Geldi
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
БЕЈРУТ (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео, истакна дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува војската на Либан, јавува Anadolu Agency (AA).
Помпео, по Кувајт и Израел го посети Либан, каде што во главниот град на оваа земја, Бејрут, се сретна со претседателот на Либан, Мишел Аун, и со други официјални претставници на оваа земја.
Според писменото соопштение на либанската војска, началникот на Генералштабот на либанската Армија, Џозеф Аун, во Бејрут го пречека на средба Помпео.
Помпео истакна дека либанската војска е нивен стратешки партнер во борбата против тероризмот, и дека неговата земја ќе продолжи со воената помош за Либан.
Џозеф Аун упати благодарност до САД поради нивната доверба во либанската војска и нивната поддршка во борбата против тероризмот.
Од друга страна, Амбасадата на САД во Бејрут соопшти дека по дводневната посета Помпео ја напуштил земјата.
САД се наоѓаат на врвот на листата на земјите кои нудат воена поддршка за војската на Либан.
Се вели дека износот на помошта на администрацијата на Вашингтон од 2005 година досега достигна 2 милијарди долари.
Либанската војска во 2017-2018 година од САД прими 6 воени авиони од типот „A-29 Süper Tucano“.