Ekip
25 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку шест лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад кој утринава се случи во непосредна близина на комплексот на Авганистанската разунавачка служба (NDS) во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанското Министерство за внтарешни работи, Наџиб Даниш, за АА изјави дека бомбашот самоубиец пеш се приближил до седиштето на Авганистанската разунавачка служба и го активирал експлозивот на себе.
Нападот се случил во 8 часот по локално време, а на местото на експлозијата загинаа шест лица. Најмалку тројца ранети се префрлени во болница.
Комплексот на Авганистанската разунавачка служба се наоѓа во непосредна близина на кабулскиот кварт во кој се сместени дипломатски претставништва на многу држави.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.