Zehra Ulucak
25 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
БАГИО (АА) - Во северниот дел на Филипините се случи сообраќајна несреќа меѓу патнички автобус и минибус. Во несреќата животот го загубија 20 лица, додека 28 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот началник Ромуло Сапитула соопшти дека сообраќајката се случила во подрачјето Аго од градот Ла Унион.
Во изјавата, началникот Сапитула наведе дека во несреќата животот го загубија 20 лица, истакнувајќи дека сите починати се патници од минибусот со кој по повод божиќните празници патувале кон познатата католичка црква во градот Пангасинан.
Освен тоа во несеќата се повредени 28 лица, од кои 10 патници од минибусот, меѓу кои е и шоферот на минибусот и 18 патници од патничкиот автобус.