Sayed Khodaberdi Sadat
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
КАБУЛ (АА) - Во главниот град на Авганистан, Кабул, извршен е самоубиствен напад на стадион за крикет во кој, според првичните информации, животот го загубиле 3 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Кабул за АА изјави дека пред влезот на стадионот за крикет во Кабул, извршен е самоубиствен бомбашки напад.
Во нападот животот го загубија 3 лица, а петмина се ранети. Според портпаролот на полицијата, нападот се случил за време на натпревар во крикет.
Сведоците информираат дека во експлозијата се ранети поголем број лица.
Засега никој не ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад.