Sayed Khodaberdi Sadat
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Во источниот дел на Авганистан, во провинцијата Нангархар, за време на предизборен митинг извршен e самоубиствен напад во кој животот го загубија 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Гувернерството на провинцијата Нангархар, за АА изјави дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе на предизборниот митинг на пратеничкиот кандидат Насир Мохманд.
Во изјавата, тој информираше дека во нападот животот го загубиле 13 лица, а 30-мина се ранети.
Дел од ранетите се наоѓаат во тешка здравствена состојба и постои загриженост од зголемување на бројот на загинати.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Парламентарните избори во Авганистан се закажани за 20 октомври. Според договорот на националната Влада на единство, парламентарните и изборите за обласните парламенти требаше да се одржат во 2015 година, но изборите со посебна одлука на претседателот на државата, беа одложени.