Eşref Musa
02 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
ИДЛИБ (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во септември, од страна на Асадовиот режим, во Сирија со тортура се убиени 41 цивил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на СНХР за септември се наведува дека својот живот во овој период го загубиле 41 цивил, од кои четворица биле студенти, еден музичар, еден спортист и едно дете.
Според овој извештај, од почетокот на годината, од различни страни во Сирија, со тортура се убиени 933 цивили, од кои 911 се убиени од страна на Асадовиот режим.
Во овој извештај се упатува апел за заштита на цивилите и процесуирање на одговорните лица.
Турција, Русија и Иран, на 10. Состанок на земјите гаранти кој се одржа во јули во рускиот град Сочи, се согласија со режимот и опозицијата за заемно симболично ослободување на лицата приведени од страна на режимот.
Во тек се преговорите на техничките делегации на земјите гаранти околу оваа тема.
Според опозициските извори во Сирија, од страна на режимот, приведени и задржани во затвор се најмалку 500.000 лица.