Mehmet Nuri Uçar
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
РИЈАД
Во Саудиска Арабија под обвинение за корупција приведени се 207 лица, вклучително и некои службеници во министерствата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Агенцијата за борба против корупција на Саудиска Арабија, помеѓу 11 јули и 9 август започнати се истраги во рамките на 878 кривични и дисциплински случаи како што се корупција, поткуп и злоупотреба на јавна функција.
Во соопштението се наведува дека приведени се 207 лица, меѓу кои има и лица од министерствата за внатрешни работи, за надворешни работи, за правда, здравство, образование и трговија.
Во тек се правните процедури за да се доведат приведените лица во судството.
Во март 2018 година, кралот Селман бин Абдулазиз од Саудиска Арабија одобри создавање специјални оддели за истрага на случаи на корупција и испитување на наводите за корупција.