ekipa
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
БЕРЛИН
Во судир на камион и автобус, што се случи синоќа во централниот дел на Германија, животот го загуби едно лице, а 13 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случи во местото Лангенхаген, во близина на Хановер, откако камион удри во автобус. Во несреќата животот го загуби 29-годишна жена. Меѓу повредените се и возачите на двете возила.
Несреќата се случи синоќа на раскрсницата во Лангенхаген, каде што семафорите биле исклучени. Според локалните лица, автобусот требало да застане на раскрсницата и да му даде предност на камионот, но не го сторил тоа, по што камионот се забил во автобусот.
Бидејќи и двајцата возачи се повредени, полицијата сѐ уште во потполност не може да го истражи случајот, објави германската агенција ДПА (DPA).