Gülşen Topçu
30 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
РИЈАД (АА) - Уште една компанија во Саудиска Арабија доби дозвола за изградба на кино-сали, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за култура и информации на Саудиска Арабија соопшти дека министерот Авад бин Салех ал Авад дозволата ја врачил на компанијата „Er-Rashid-Empire Cinema Group“, која во наредните три години ќе изгради 30 кино-сали.
Споменатата компанија, по „American Multi-Cinema“ (AMC) и „VOX Cinema“ е трета фирма што доби дозвола за отворање кино-сали во Саудиска Арабија.
Министеството за култура и информации во декември 2017 година ја соопшти одлуката со која се дозволува работа на кино-салите, а првата кино-сала е отворена на 18 април 2018 година.