Gülşen Topçu
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
РИЈАД
Министерството за аџилак и умра на Саудиска Арабија во писмено соопштение објави дека ќе се дозволи извршување умра и молитва во џамијата Масџид ал-Харам во Мека и џамијата на Пратеникот во Медина од 10 октомври само за оние што добиле 2 дози од вакцините против Ковид-19 кои се прифатени во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека луѓето кои зеле дозвола за умра, молитва или посета, но не се вакцинирани со втората доза, треба да ја примат и втората доза во време од 48 часа пред датумот на посета за да не им биде откажана дозволата.
Министерството соопшти дека се преземени сите потребни мерки за заштита од Ковид-19, при што, тие се предмет на континуирана проценка од страна на Агенцијата за јавно здравје.
Саудиска Арабија во август објави дека ќе прифати 2 милиони лица за извршување умра месечно со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.