Ramazan Turgut
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
РИЈАД (АА) - Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, допатува во официјална посета на Ријад и се состана со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, јавува Anadolu Agency (AA).
Саудиска Арабија е прва станица од турнејата на Тилерсон при која ќе ги посети Блискиот Исток, Јужна Азија и Европа.
Саудиската новинска агенција СПА (SPA) јавува дека кралот Селман денес во палатата Јемаме во Ријад го примил шефот на Стејт Департментот, Тилерсон, и дека разговарале за билатералните односи и регионални теми.
Тилерсон во продолжение на посетата, во Ријад ќе се состане и со шефот на саудиската дипломатија, Адил ал-Џубеир, а потоа ќе присуствува и на состанокот на Советот за саудиско-ирачка соработка на која ќе присуствува и ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади.
По Ријад, Тилерсон ќе го посети и главниот катарски град Доха, а со тамошните лидери ќе разговара за ситуацијата во регионот.
Пакистан и Индија се наредните станици кои Тилерсон ќе ги посети, а на враќањето во САД ќе ја посети и Женева.