Mahmoud Barakat
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
ДОХА (АА) - Саудискиот принц, Мухамед бин Селман, неодамнешната антикорупциска чистка ја нарече дел од „шок терапија“ што ѝ била потребна на кралството богато со нафта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во ноември, саудиските власти уапсија десетици луѓе, меѓу кои 11 принца, министри и бизнисмени, поради корупција.
Поголемиот дел од притворените подоцна беа ослободени, а саудиските власти соопштија дека тие „уловиле“ преку 106,7 милијарди долари (400 милијарди ријали) во антикорупциските договори.
Во интервју за „The Washington Post“ (Вашингтон пост), Бин Салман рече дека кампањата е дел од „шок терапија“ потребна за модернизација на културниот и политичкиот живот во кралството.
Во понеделникот, саудиските власти сменија голем број воени команданти, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на војската на Саудиска Арабија.
„Промените во Министерството за одбрана се направени со цел да се добијат подобри резултати во расходите“, изјави престолонаследникот Мухамед бин Селман.
Коментирајќи во врска со неодамнешните промени во Саудиска Арабија, Бин Салман истакна: „За успех се потребни големи чекори и брзина на промените“.
Во Саудиска Арабија, во последните месеци се случија големи реформи, вклучувајќи го и дозволувањето на жените да возат и да следат натпревари на фудбалските стадиони.
Според претходните изјави на саудискиот принц Мухамед бин Селман, кралството троши во просек околу 70 милијарди долари годишно, со што е трета по големина земја во трошоците за воено наоружување.
Саудиска Арабија постави план за национализирање на 50 отсто од увозот на наоружувањето до 2030 година.