Atila Altuntaş
15 Април 2022•Ажурирај: 16 Април 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Расмус Палудан, лидер на данската екстремно десничарска партија Страм Курс, го запали Куранот пред полицијата на јавно место во шведскиот град Линкопинг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палудан во придружба на полиција дошол на јавна површина во населба во која живеат муслимани, а потоа со запалка го запалил Куранот.
Група од околу 200 локални жители се собраа на плоштадот и реагираа на инцидентот, барајќи полициска интервенција.
Откако полицијата одбила да интервенира, дошло до бунт, а насобраната група го блокирала сообраќајот и фрлала со камења кон полицијата.
Микаил Јуксел, претседателот на „Партијата на нијанси“ (Partiet Nyans), изјави дека расистот и антиисламист Палудан продолжил со своите провокации за палење на светиот Куран во различни градови во Шведска, под интензивна полициска придружба.
Јуксел рече дека на Палудан му било дозволено да избира посебни населби во кои живеат муслимани и во близина на џамии.
„Во Шведска, која е гласен поборник за човекови права, слобода на вероисповед и совест, Куранот се пали на јавни места во муслиманските населби под полициска заштита. Полицијата ги повикува муслиманите мирно да го следат палењето на нивната света книга. Не разбирам како е тоа можно“, рече Јуксел.