Sinan Doğan
24 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
БОГОТА
Поројните врнежи во Колумбија предизвикаа поплави и свлечишта, во кои под урнатините на еден ноќен клуб животот го загубија 7 лица, а 12 се повредени, известува Агенција Анадолија (АА).
Во југозападниот дел на Колумбија, во градот Качириме, кој спаѓа под администрација на департментот Антиокија, поројните врнежи од дожд предизвикаа свлечиште, кое со земја прекри еден ноќен клуб.
Претставниците на власта соопштија дека под земјата предизвикана од свлечиштето пронајдени се безживотните тела на 7 лица, а извлечени се 12 повредени, додавајќи дека спасувачките операции се во тек.
Анибал Гавирија, гувернерот на Антиокија, во својата изјава истакна дека во регионот е воведена вонредна состојба поради поројните врнежи од дожд, додавајќи дека ризикот од свлечишта продолжува и од граѓаните побара да бидат внимателни.