Mahmut Atanur
25 Февруари 2021•Ажурирај: 28 Февруари 2021
ЏАКАРТА
Пет лица го загубија животот во свлечиштето кое се случи во рудник за злато во индонезиската покраина Централно Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на ТВ-каналот „Метро ТВ“, свлечиштето настанало во рудникот за злато кој бил управуван на илегален начин во местото Париги Мутонг.
Властите соопштија дека како резултат на операциите за пребарување и спасување, пронајдени се 5 безживотни тела, додека 6 лица се спасени.
Во тек се операциите за пребарување и спасување.
Инаку, во свлечиштето кое се случи на 26 февруари 2019 година во рудникот за злато кој бил управуван на илегален начин во местото Боланг Монгондов во покраината Северно Сулавеси, загинаа 27 лица.