Sümeyye Dilara Dinçer
03 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку 20 лица се водат како исчезнати во свлечиште во Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на јапонската државна радиотелевизија НХК, свлечиштето се случило во јапонскиот град Атами.
Се истакнува дека како резултат на свлечиштето најмалку 20 лица се водат како исчезнати.
Властите нагласија дека тимовите за пребарување и спасување продолжуваат со операции на местото на настанот.
Локалната општина по свлечиштето донела одлука за евакуација на околу 20.000 домаќинства.