Ekipa
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
КАБУЛ (АА) - Осум авганистански војници загинаа рано утринава, кога воен хеликоптер се урна во северната покраина Баглан во Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за одбрана, Давлат Вазири, изјави дека во хеликоптерот се наоѓале пет воени членови на екипажот и тројца војници, и дека никој не ја преживеал несреќата.
Хеликоптерот вршеше дејности на снабдување воена база во Данд Горију. Според Вазири, техничка грешка е веројатно причина за несреќата. Тој ги отфрли тврдењата дека бунтовниците го собориле авионот.
„Еден хеликоптер беше на терен, додека другиот патролирал над него. Одеднаш, технички проблем предизвика пожар кај хеликоптер, кој потоа падна”, рече Вазири.
Од друга страна, портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, преку соопштение ја презеде одговорноста за соборување на хеликоптерот.
Во последните месеци, талибанските бунтовници ги интензивираа нападите врз авганистанските безбедносни сили во северните покраини Баглан и Кундуз.