Zehra Ulucak
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
АНКАРА
Во североисточниот дел на Кина, во провинцијата Џилин дојде до уривање на рудник. Во несреќата животот го загубија 9 лица, а 10 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во „Чајна дејли“ („China Daily“), претставниците на власта во кинескиот град Чангчун, во соопштението објавено на нивниот официјален профил на „Weibo“ наведуваат дека по потресот дошло до уривање на дел од рудникот, при што животот го загубиле 9 рудари, а 10-мина се повредени.
Претставниците на власта соопштија дека повредените се наоѓаат на лекување во болница, а во тек е истрага за несреќата.