Zafer Fatih Beyaz
10 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА
Уништени се 100 пештери и засолништа на терористичката ПКК за време на 15-дневната операција „Канџа“, на турските воени сили, во регионот на Хакурк во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писмената изјава на Министерството за одбрана, операцијата „Канџа“, која започна на 27 мај против терористичката организација ПКК, продолжува решително.
Турските специјални сили, и покрај тешкиот терен, ги уништуваат пештерите и засолништата што ги користат терористите на ПКК. Тие, исто така, ги неутрализираат и рачно изработените експлозиви.
На 15-тиот ден од операцијата, неутрализирани се 43 терористи на ПКК, а идентификувани и уништени се 24 мини/рачно изработени експлозиви. Со тоа, до денеска се уништени вкупно 77 мини/рачно изработени експлозиви.
Од почетокот на операцијата, 100 пештери и засолништа користени од страна на терористите веќе се неупотребливи.
Во засолништата се пронајдени: 10 пешадиски пиштоли од видот „АК-47“, 9.730 парчиња муниција за „АК-47“, една снајперска пушка „Драгунов“, еден митралез „BKC“, 600 парчиња муниција за митралез, два ракетни фрлачи „RPG-7“, 15 ракети „RPG-7“, два противавионски митралеза, 6.693 парчиња муниција за митралези, 13 антитенковски ракети, 6 рачни гранати, 3.200 килограми амониум нитрат, кој се користи за производство на експлозиви, 21 минофрлачка муниција, 13 генератори, 2 стационарни радиостаници и 9 лаптоп-компјутери.