Betül Yürük
08 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во зградата „Trump Tower“ во американскиот град Њујорк, во која се наоѓаат станот и канцелариите на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, избувна пожар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштеното, пожарот избувнал во стан на 50. спрат во оваа зграда.
Од полицијата во Њујорк велат дека едно 67-годишно лице било извлечено од пожарот, но и покрај сите интервенции лицето починало.
Улиците околу „Trump Tower“ беа затворени за сообраќај поради пожарот.
За кратко време пожарот беше ставен под контрола од страна на пожарникарската екипа од околу 200 лица.
Од Пожарникарската служба на Њујорк соопштија дека четири пожарникари се здобиле со полесни повреди.
Американскиот претседател Трамп, во објава на Твитер (Twitter) истакна дека пожарот е ставен под контрола. Тој упати благодарност до пожарникарите и додаде дека зградата е добро изградена.