Sümeyye Dilara Dinçer
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
СЕУЛ
Северна Кореја побара од своите војници да застанат зад лидерот на државата, Ким Џон-Ун и со своите животи да го штитат својот лидер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На десетгодишнината на преземањето на Ким на должноста врховен командант на војската, во статијата објавена во весникот „Родонг Синмун“, официјално издание на Работничката партија на Северна Кореја, се наведува дека војниците и офицерите треба да бидат како неосвоива тврдина и ѕидини отпорни на куршуми кои го штитат севернокорејскиот лидер по цена на своите животи.
Во текстот се повикува на изградба на помодерна и понапредна армија која ќе служи како сигурен заштитник на државата и народот.
Покрај тоа, наведено е дека севернокорејските воени единици и народот треба да го поддржат раководството на Ким за да се воспостави силна социјалистичка држава.
Ким Џонг-Ун е врховен лидер на Северна Кореја од 2011 година и лидер на Работничката партија на Кореја (WPK) од 2012 година.