Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја лансираше проектили кон исток, западно од главниот град Пјонгјанг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според агенцијата „Јонхап“, во соопштението на Генералштабот на Јужна Кореја, се истакнува дека Северна Кореја „денеска по локално време во 16:30 од регионот Северен Пјонг лансираше проектили кон исток“.
Во соопштението не се откриваат детали за природата на проектилите.
Администрацијата на Пјонгјанг, на 4 мај, лансираше повеќе проектили со краток дострел кон Јапонското Море.
Во информацијата на официјалната агенција на Северна Кореја КЦНА (KCNA) се наведува дека „вежбата за напад“, изведена во градот Вонсан, на местото на настанот била проследена од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.