Oktaj Omeragikj
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија, врз основа на податоците објавени од Институтот за јавно здравје, соопшти дека во последните 24 часа се направени тестирања на 1.211 примероци сомнителни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), при што 82 биле позитивни на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие оздравеа 265 пациенти што биле заразени со коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени лица на 206.211.
Во последното деноноќие од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 8 лица, со што вкупната бројка на починати од почетокот на епидемијата се зголеми на 7.740.
Во последните 24 часа се тестирани 1.211 примероци сомнителни на Ковид-19, вкупно 1.503.941 досега. Од тестираните примероци 82 биле позитивни на вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени на 219.490.
Во моментов во Северна Македонија активни се 5.539 случаи на зараза со коронавирусот.