Sinan Doğan
01 Февруари 2023•Ажурирај: 02 Февруари 2023
БОГОТА (АА) - Седум лица од исто семејство ги загубија животите во пожар што избувна во куќа во централноамериканската земја Гватемала, известува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, пожарот избувнал во куќа во градот Сибинал, оддалечен 300 километри од градот Гватемала.
Во пожарот за кој се проценува дека е последица на истекување плин, од исто семејство починаа 7 лица, од кои 4 деца.
Пожарникарите ги пронашле безживотните тела на настраданите, а во тек е истрага за откривање на причините кои го предизвикале пожарот.