Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Afra Aksoy
18 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Семејството на првиот демократски избран претседател на Египет, Мохамед Морси, изрази загриженост во врска со здравјето и условите во затворот во кој се наоѓаат тој и неговиот син Усаме, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие укажаа на тоа дека немаат информации во какви услови Морси го поминува месецот Рамазан во заробеништво.
Египетскиот претседател е веќе шест години во затворот „Тора“ во јужниот дел на Каиро. Семејството на Морси вели дека поранешниот египетски претседател е затворен во единствената затворска единица во целосна изолација и никогаш не им е дозволено да се видат со него.
Тие потсетуваат дека Морси само двапати се видел со своето семејство и адвокатот, а со Усаме од декември 2016 година се виделе само еднаш.
Од семејството на Морси истакнаа дека во моментот немаат никакви информации за условите во затворот и здравствена состојба на Морси и Усаме.
Првиот демократски избран претседател на Египет, Мохамед Морси, беше соборен од власт со државен удар, по што милиони демонстранти протестираа на плоштадите во Египет. Во август 2013 година, египетските сили употребија сила и ги испразнија плоштадите. Според податоците, тогаш беа убиени 2.600 луѓе, а 7.000 демонстранти беа повредени.
Египетските власти продолжуваат да држат илјадници членови на Ихман во затворите, вклучувајќи го и лидерот на таа организација, Мохамед Бади, и соборениот претседател Морси.