Zehra Ulucak
18 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
САО ПАУЛО (АА) - Повеќе од 250 лица се уапсени во голема полициска акција против детска порнографија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за јавна безбедност, Раул Јунгман, рече дека акцијата била спроведена во 24 региони и дека учествувале околу 2.600 полицајци.
Тој потврди дека 251 лице било уапсено поради детска порнографија. Јунгман смета дека детската порнографија е едно од најнеприфатливите злосторства што се прават врз децата и младите.
Според него, како дел од истрагата, инспекторите прегледале повеќе од еден милион документи. Локалните медиуми велат дека меѓу уапсените се наоѓаат наставници и адвокати.