Ömer Aydın
30 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
ПАРИЗ (AA) - Претседателот на Франција Емануел Макрон по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Париз, истакна дека ниту едно глобално прашање не може да се разгледува без учество на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ниту едно меѓународно прашање не може да се разгледува без дијалог со Русија. Затоа, со Русија посакувам уште посилна соработка во врска со ова прашање", рече Макрон на конференцијата за медиумите по одржаниот состанок.
Додаде дека на состанокот, освен за билатералните односи разговарале и за најважните глобални прашања, вклучувајќи ги и случувањата во Сирија и Украина.
„Нефункционалните држави во регионот претставуваат посебна закана за демократијата", рече Макрон, додавајќи дека е потребно да се продолжи во потрага на решенија за војната во Сирија.
Нагласи дека неприкосновен приоритет на Париз во Сирија е борбата против тероризмот, напоменувајќи дека е потребно да се сочува стабилноста во таа земја и што поскоро да започне процесот на политичка транзиција.
Додаде дека е многу важно да се обезбеди хуманитарната помош во Сирија и да се спречи употребата на хемиско оружје.
„Франција ќе се спротистави на секој обик на употреба на хемиско оружје", рече Макрон, и на крај порача дека Париз ќе го интензивира политичкото партнерство со Москва.
Рускиот претседател Путин истакна дека францускиот претседател Макрон му предложил руски и француски експерти да направат взаеми посети и да се формира работна група која ќе трага за решенијата за сириската криза.
На новинарско прашање за украинската криза, Путин рече дека е потребно да се остранат сите економски санкции вовдедени кон Москва.
„Потребно е да се остранат сите економски санкции воведени на Русија. Санкциите не можат да придонесат во решавањето на кризата во Украина", нагласи Путин.
Двајцата лидери денеска ја отворија изложбата во чест на 300. годишнина од посетата на Франција на рускиот цар Петар Велики која се случи 1717. година.
Рускиот претседател се наоѓа во официјалн апосета на Париз на покана на претседателот Макрон.