Emre Aytekin
17 Декември 2021•Ажурирај: 18 Декември 2021
ПЕКИНГ (АА) - Сенатот го одобри именувањето на дипломатот Николас Барнс за амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Пекинг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Џо Бајден претходно го именуваше Барнс за амбасадор во Пекинг.
Во текот на гласањето во Сенатот, неговото именување е одобрено со 75 гласа „за“, додека 18 беа „против“.
Барнс, кој претходно беше постојан претставник на Соединетите Американски Држави во НАТО, беше државен потсекретар во периодот од 2005 година до 2008 година.
Американските медиуми наведуваат дека некои аналитичари, именувањето на Барнс, инаку искусен дипломат, го толкуваат како поинаков избор од оној за амбасадорите кои служеа во Пекинг претходните години, а кои главно доаѓаа од политичкиот живот на САД.
Бајден на 21 август објави дека Барнс е именуван за амбасадор во Пекинг.
Барнс е американски дипломат и професор по дипломатија и меѓународни политики на „John F. Kennedy School of Government“.
Покрај англиски, зборува француски, арапски и грчки јазик.