Dildar Baykan
06 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, на гласањето во Сенатот во рамките на судската постапка за неговото отповикување беше ослободен од двете обвиненија подигнати против него, јавува Агенција Анадолија (АА).
Процесот на разрешување на американскиот претседател Трамп заврши со гласање во Генералното собрание на Сенатот.
На првото гласање, за обвинението „злоупотреба на функцијата“, 48 сенатори гласаа дека Трамп е „виновен“, додека 52 сенатори гласаа дека „не е виновен“.
На второто гласање за обвинението „спречување на функционирањето на Конгресот“, 47 сенатори гласаа дека Трамп е „виновен“, а 53 сенатори дека „не е виновен“.
Со тоа, Трамп стана третиот претседател во историјата на САД кој беше ослободен од обвиненијата во Сенатот, по Ендру Џонсон и Бил Клинтон.
- Републиканскиот сенатор Ромни го обвинува Трамп за една точка
На гласањето, сите демократски сенатори гласаа дека Трамп е „виновен“.
Од друга страна, републиканскиот сенатор Мит Ромни во однос на обвинението за „злоупотреба на функцијата“, гласаше дека Трамп е виновен.
- Процес на импичмент кон Трамп
Претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, на 24 септември соопшти дека започнале процес за импичмент на Трамп со образложение дека „наштетува на националната безбедност на САД“ и дека ја „изневерил претседателската заклетва“.
Белата куќа на 25 септември го објави транскриптот од телефонскиот разговор Трамп - Зеленски, во кој се тврди дека не станало збор за помош за Украина.
На 31 октомври, Претставничкиот дом гласаше за постапките на истрагата за импичмент и одлучи да одржат јавни расправи. Јавните сесии на Одборот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом се одржаа од 13 до 21 ноември.
Трамп уште од првиот ден тврди дека тоа е „лов на вештерки на демократите кои не успеаја да пронајдат ништо во истрагата за Русија“.