Recep Şakar
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
МЕЛБУРН (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер утрово ја погоди пацифичката држава Вануату, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 98 километри северозападно од градот Исангел на островот Тана.
Според првичните информации, земјотресот кој предизвика паника кај локалното население, не предизвика поголема материјална штета, ниту човечки жртви. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 111 километри и не предивикал ризик од појава на цунами.
Вануату е мала островска држава во Огнениот пацифички прстен, познат по честите земјотреси и вулкански ерупции. Само во април оваа година, оваа група на острови ја погодија шест земјотреси со јачина од шест до 7,3 степени според Рихтеровата скала.