Adam Abu-bashal
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
АБУЏА (АА) - Во експлозија на цистерна за нафта кај Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, загинаа 115 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија дека уште 14 лица починале по несреќата што се случи на 5 ноември во областа Велингтон, источно од Фритаун.
Бројот на луѓе што загинаа во несреќата изнесува 115. Повредени се уште 100 лица.
Експлозијата се случила кога цистерна со гориво се судри со друго возило во Велингтон.
Во знак на сеќавање на загинатите во несреќата прогласена е тридневна жалост.