Tuba Şahin
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Компанијата „БајоНТех“ објави дека остварила 3,2 милијарди евра (3,7 милијарди долари) нето-профит во третиот квартал оваа година, соопшти компанијата денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Благодарение на брзиот раст во снабдувањето и продажбата на вакцината против Ковид-19 низ светот, вкупните приходи на „БајоНТех“ стигнаа до 6,1 милијарда евра во периодот од јули до септември, во споредба со 67,5 милиони евра во истиот период минатата година.
Компанијата, кооснована од децата на турски имигранти во Германија кои исто така ја развија значајната вакцина, очекува приход од 16-17 милијарди евра за целата фискална 2021 година за продадени 2,5 милијарди дози на вакцини.
Од 2 ноември, „БајоНТех“ и „Фајзер“ доставија над 2 милијарди дози вакцини против Ковид-19 на повеќе од 152 држави и територии низ светот.
Околу 2,7 до 3 милијарди дози се очекува да бидат произведени до крајот на годината, а двете компании предвидуваат капацитетот на производството да се искачи на 4 милијарди дози во 2022 година.