Murat Karadağ
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 51 лице се здобија со повреди во земјотресот со јачина од шест степени според Рихтер, кој утринава го потресе градот Керман во источниот дел на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последните шест часа, на подрачјето на Иран се забележани 53 потреси на тлото. Од иранската служба за итна помош наведоа дека досега се примени 51 повреден од подрачјето Керман.
Се истакнува дека најголем проблем е тоа што луѓето се плашеле да влезат во домовите и со часови биле изложени на ниски температури.
Студентската новинска агеција, повикувајќи се на извори од иранската Црвена полумесечина, наведе дека во 14 села е предизвикана голема материјална штета, а екипите на итната помош и на цивилната заштита се наоѓаат на теренот.
Од страна на Американскиот геолошки центар се наведува дека земјотресот со јачина од шест степени е регистриран 58 километри североисточно од Керман, на длабочина од десет километри.