Zehra Ulucak
09 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Јапонија, а според првичните информации во потресот се повредени најмалку пет лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на потресот е регистриран во близина на градот Ода во префектурата Шимане, а Јапонската агенција за метеорологија и земјотреси јавува дека епицентарот бил на длабочина од околу 12 километри.
Јапонската новинска агенција „Кјодо“ јавува дека најмалку четири лица се повредени во Ода, а уште најмалку едно лице е повредено во соседниот град Изумо.
Потресот се случил час и половина по полноќ, а направена е поголема материјална штета и поголем дел од регионот останал без струја и вода.
Информациите за штетата предизвикана од потресот сè уште се собираат на терен, а позитивна вест е дека тресењето на тлото не предизвикало никакви проблеми во нуклеарната централа која се наоѓа во префектурата Шимане.