Halit Süleyman
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Припадниците на сириската опозиција ослободија уште две села во северниот дел на Алепо, кои беа под контрола на членовите на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Локални извори велат дека сириската опозициска група ослободила уште две села во северниот дел на Алепо, области кои тие сакаат да ги направат безбедносни зони. За време на ослободувањето на селата Тел Саир и Kемелије дојде до голем судир меѓу опозицијата и ДАЕШ.
Од друга страна, локалниот активист Насир Абу Махмуд, кој го следи конфликтот во Сирија, изјави дека припадниците на ДАЕШ во селото Ахмедије ги користеле селаните како човечки штитови. За да се избегнат цивилни жртви, сириската опозиција извршила многу прецизна акција.
„Опозицијата по ослободувањето на селото го евакуира населението поради можни бомбашки напади на ДАЕШ”, истакна Абу Махмуд.