Ethem Emre Özcan
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
АНКАРА (АА) - ЕТЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Претседателот на привремената Влада на Сирија, Абдурахман Мустафа, реагирајќи на ветото на Русија и Кина за меѓународната помош за милиони луѓе во Сирија, рече дека Русија и Кина сакаат да казнат милиони сиромашни цивили кои имаат потреба од хуманитарна помош, кои не потклекнаа на режимот на Асад.
Претседателот на привремената Влада, основана од сириската опозиција, за дописникот на Агенција Анадолија (АА) го оцени ветото на Нацрт-резолуцијата од страна на Русија и Кина, која овозможи прекугранична меѓународна помош за Сирија од 2014 година.
„Ветото на Русија и Кина, кои го поддржуваат режимот на Асад и на терен и на меѓународно ниво, е неприфатливо. Милиони цивили кои имаат потреба од тоа ќе бидат погодени“, нагласи Мустафа.
Наведувајќи дека го осудуваат ветото на Русија и Кина, Мустафа рече дека вчерашното вето се совпаднало со извештајот на Комисија за истражување на Обединетите нации (ОН) за Сирија, во кој се вели дека режимот на Асад и Русија извршиле воено злосторство во Идлиб.
Тој потсети дека Русија остави милиони цивили бездомници поддржувајќи го режимот на Асад во Сирија. „Русија и Кина сакаат да казнат милиони сиромашни цивили кои имаат потреба од хуманитарна помош, и кои не потклекнаа на режимот на Асад и покрај тоа што се бездомници.“
Упатувајќи апел до меѓународната заедница Мустафа порача: „И покрај иницијативите на Русија, не треба да се прекина хуманитарната помош за сирискиот народ.“
- Реакција на Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили -
„Ставот на Русија и Кина е пример за организиран политички тероризам во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) кој се доживува со години“, се вели во соопштението на Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили (SMDK).
Се потсетува дека Русија и Кина повеќепати го имаат употребено правото на вето во корист на режимот на Башар ал Асад во Сирија.
„На Русија, главната страна што ги потпишува злосторствата и кршењето на правата против сирискиот народ, не треба да ѝ се дозволи да гласа за прашања поврзани за Сирија, особено во однос на хуманитарната помош. Виновникот Русија, која е страна во конфликтот, не може да биде судија“, се вели во соопштението на Националната коалиција.
- Помош од Обединети нации (ОН) -
За да се обезбеди прекугранична помош на Сирија потребна е одлука од Советот за безбедност на ОН (СБОН).
Советот за безбедност вчера гласаше за обновување на механизмот со кој се овозможува прекугранична помош за Сирија.
Русија и Кина ставија вето на Нацрт-резолуцијата доставена до Советот од страна на Германија и Белгија.
Во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, во Сирија може да се доставува меѓународна помош преку Турција, преку граничниот премин Џилвеѓозу.
Русија по вчерашното гласање објави дека на гласање ќе го стави својот Нацрт-закон со кој се предлага помошта на ОН во следните 6 месеци да се доставува само од преминот Џилвеѓозу.
Минатата година помош за Сирија се доставуваше преку четири гранични премини, од кои два во Турција. По ветото на Русија и Кина, во јануари, граничните премини се намалија на два. Граничниот премин „Ер-Ремсе“ помеѓу Сирија и Јордан и граничниот премин „Ел-Јарубије“ со Ирак, исто така се затворени за влез на помошта во Сирија.