Ali Cura
13 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека еден бугарски и 10 романски дипломати кои работат во земјата се прогласени за персона нон грата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се нагласува дека на бугарскиот амбасадор во Москва, Атанас Крастин, му била дадена нота во која еден дипломат кој работи во Амбасадата е прогласен за персона нон грата.
Се наведува дека одлуката е донесена како одговор на прогласувањето на еден руски дипломат во Софија како персона нон грата од бугарската страна во април.
Меѓу другото, во соопштението се истакнува дека во руското Министерство за надворешни работи бил повикан и романскиот амбасадор во Москва, Кристијан Истрате, и дека 10 романски дипломати се прогласени за персона нон грата.
Се додава дека одлуката е донесена поради реципроцитет, бидејќи претходно 10 руски дипломати во Руската амбасада во Букурешт беа прогласени за персона нон грата.