Ethem Emre Özcan
27 Октомври 2022•Ажурирај: 29 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Сириските државни медиуми тврдат дека Израел утринава извршил напад врз област во близина на Дамаск, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција САНА јави дека во 00:30 часот по локално време бил извршен воздушен напад од правец на Израел врз одредени воени позиции на режимските сили во околината на Дамаск.
„Нашите системи за противвоздушна одбрана соборија непријателски ракети. Нападот предизвика само штета“, се наведува во веста.
Познато е дека во Дамаск и околината, покрај позициите на режимската војска, има и позиции на терористички организации под команда на Иранската револуционерна гарда и особено на либанскиот Хезболах.
Режимот на Асад и на 22 и на 24 октомври тврдеше дека израелските сили извршиле напади врз Дамаск.