Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan,Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
03 Декември 2024•Ажурирај: 04 Декември 2024
ХАМА/АЛЕПО (АА) – Антирежимските вооружени групи зазедоа уште шест населени места и водат жестоки борби против силите лојални на режимот на Башар ал Асад, на само шест километри од центарот на градот Хама во Сирија, јавува Анадолу.
Антирежимските сили, предводени од групата Хајат Тахрир ал Шам, веќе седум дена се борат против силите на Асадовиот режим и продолжуваат да напредуваат во правец на центарот на покраината Хама.
Овие групи напредуваат кон Хама од три правци, а фронтот на судирите моментно се наоѓа на шест километри од центарот на овој сириски град.
На 27 ноември меѓу силите на Асадовиот режим и антирежимските вооружени групи избија судири во западниот дел на Алепо во Северна Сирија, со што започна повторна ескалација на конфликтот по периодот на релативно затишје во граѓанската војна што избувна во Сирија во 2011 година.
На 30 ноември антирежимските групи го зазедоа квартот Кан Шејхун и презедоа контрола над Идлиб, а продолжуваат да напредуваат во покраината Хама. Опозициската Сириска национална армија го ослободи центарот на Тел Рифат од терористичката организација ПКК/ЈПГ.