Ali H. M.Abo Rezeg
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 21 цивил загинаа во текот на минатиот месец во нападите од страна на силите на режимот на Асад во делови на Идлиб, Латакија и Хама, кои спаѓаат во мрежата на зони без судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Во октомври, силите на режимот бомбардираа неколку делови на Идлиб, вклучувајќи ги градовите Хан Шејхун, Бернас и Падама, при што згаснаа животите на 12 цивили, велат локални избори.
Изворите кои сакаа да останат анонимни, истакнаа дека режимот минатиот месец исто така извршил напад и на делови од Латакија, вклучувајќи ги областите Џамадија, Салоур и Ал-Кабина, при што загинаа четворица цивили.
Режимските сили исто така погодија и делови од Хама, вклучувајќи ги Ал Латамна, Кафрзеита и околните села, при што загинаа уште петмина цивили.
Во мај, во Астана, Русија, Турција и Иран потпишаа договор низ цела Сирија да се формираат зони без судири, каде што актите на агресија се забранети.
Во следниот круг од преговорите во Астана во септември, одредени делови од Идлиб беа исто така вклучени во мрежата на зони без судири.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.