Halit Süleyman
07 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
ДАМАСК (АА) - Во заседа подготвена од страна на единицата на Исламската армија во близина на источна Гута, во Дамаск, убиени се 50 војници на режимските сили, јавува јавува Anadolu Agency (AA).
Од локални извори се дознава дека во заседата на опозиционите единици на Исламската војска неутрализирани се 50 војници на режимот.
Потоа дошло до интензивни борби помеѓу силите на опозицијата и членовите на режимот на претседателот Башар ал-Асад.
Режимските сили веќе три дена со тешко оружје ги напаѓаат местата во оваа област кои се под контрола на опозицијата.